АСТРА е македонско здружение на граѓани основано од млади астрофизичари кои веруваат дека науката не е привилегија на големите земји, туку право и одговорност на секое општество кое сака да гради иднина.
Основавме АСТРА затоа што сакавме да истражуваме — и затоа што верувавме дека тоа може и треба да се прави тука. Ги поврзуваме младите луѓе со знаење, ментори и можности кои им помагаат да останат, да се вратат и да градат дома.
ЗА НАС
НАШАТА ПРИКАЗНА
ВИЗИЈА
Македонија препозната како активен учесник во глобалната научна и вселенска заедница — земја која го знае своето место во универзумот и ги поттикнува своите најдобри умови да го истражуваат.
МИСИЈА
АСТРА го поттикнува интересот за вселенска наука и астрофизика кај младите во Македонија преку образование, истражување и јавен дијалог — со цел да се изгради генерација способна да придонесе на глобално ниво, додека корените ги чува дома.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ
Кирил Константиновски
Астрофизичар со магистратура на Универзитетот Сорбона во Париз, специјализиран за детекција на соларни неутрина; по пет години истражувачка работа во Франција, се врати во Скопје убеден дека следниот чекор во науката може да дојде токму оддека најмалку се очекува.
Претседател
Новинарка и истражувачка со интерес во документирањето на македонскиот природен и рударски потенцијал, теренски репортажи за Алшар и другите ретки наоѓалишта кои остануваат надвор од видното поле на домашната јавност.
Ања Христовска
Член
Јасна Ристевска
Член
Истражувачка во областа на генетиката и микробиологијата со фокус на екстремофилни организми — живи суштества кои опстојуваат во услови невозможни за обичен живот .
Јане Данилоски
Maшински инженер
Машински инженер со специјализација во системите за орбитална механика и вселенска пропулзија стекната на Техничкиот универзитет во Виена, кој ги поврзува индустрискиот дизајн со барањата на вселенската технологија.